Македонија и Србија заедно на одмор во Охрид

|

Откако Грција ги спушти рампите за српските туристи Охрид останува единствена одлична локација на која очигледно за лежај повеќе ќе се борат и македонските и туристите од соседна Србија. Рампите на границите помеѓу нашите две земји останаа дигнати и ако не се случат поголеми поместувања во политиката на преминување може да се очекува преполно Охрид летово.
Веќе се обративме во повеќе апартмани, масовно почнуваат резервации и како што кажуваат нашите извори деновие има многу резервации и раздвижување во наа насока.


Грција ги спушти рампите
Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко- бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Промахонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија, во поголемиот број семејства биле заглавени во неутралната зона на бугарско – грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред шест часот.

Реакциите од туристите вродија со плод утрово и од грчка страна, како што објави телевизијата „Open“, околу 8 часот утрово, бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.

Српски туристи, за грчките медиуми велат дека тргнале од Белград, одморот им бил планиран од претходно, а цела ноќ чекале за влез .

-Ќе чекаме, додека не нѐ пуштат, вели туристка од Србија за грчката телевизија ЕРТ, која објаснува дека чекаат над седум часа, односно на границата стигнале на полноќ.

Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, вчера попладне соопшти дека од 6 часот утрово, до 15 јули 2020 година, во Грција ќе биде забранет влез за српски државјани, а официјална Атина во соработка со експертите ја следи епидемиолошката ситуација во ЕУ и останатите земји во светот.

Грција во соработка со партнерите во Европската унија го задржува правото да ја ревидира нејзината политика. Врз основа на анализата на епидемиолошките податоци, беше одлучено да се одложи, од понеделник 6 јули 2020 година во 6 часот до 15 јули, влезот на државјани на Србија во Грција, од сите влезни точки. Исклучок се есенцијалните причини за влез, соопшти Пелони.