Македонија се гордее: Победничка во супер финалето на „Ѕвездите на Гранд“

|

Македонија синоќа имаше со што да се гордее. Младата и талентирана пејачка Славица Ангелова од Струмица, успеа да го освои супер финалето на музичкото талент шоу „Ѕвездите нa Гранд”.

Славица успеа да се пласира како единствена претставничка на нашата земја во големото финале под менторство на Ѓорѓе Давид и победнички го развиори македонското знаме на сцената пред милионската регионална публика.

Во моментов навистина сум премногу возбудена, но сакам да изразам голема благодарност до сите што верувавте во мене и ме поддржувавте до самиот крај, накратко изјави Славица и со фантастична изведба на „Угаси ме” од Парни Ваљак која ѝ ја донесе победата, со што ја заокружи 16-та сезона на „Ѕвездите на Гранд”.

Со оваа победа, таа ја доби статутеката Ѕвезда на Гранд, а воедно и договор со продукцијата која застанува зад неа.