Македонија со пораз го започна ЕП: Словенците за малку ни ја земаа победата

|

Македонската репрезентација денес беше блиску до изненадување, но сепак со пораз го отвори Европското ракометно првенство. И покрај поразот ракометарите ни малку не разочара со својот настап и со пристапот на теренот. Словенците триумфираа со 27-25, затоа што беа за нијанса поконцентрирани и подобро ги искористија нашите грешки.

Поразите не се за радување, но овој на Македонија со Словенија може комотно да ги направи горди ракометарите во цревно и жолто затоа што покажаа дека се дораснати на европската елита. Во најголем дел од натпреварот ѝ дишеа во врат на Словенија, а дури и кога имаа криза и резултатот замина на минус пет успеаја да ги средат мислите и да се вратат.

Искуството на Кире Лазаров секако недостасуваше во играта, но помладите момци одлично се покажаа на овој натпревар. Словенците постојано водеа, но Македонија се движеше на 2-3 гола негатива и да не беа неколкуте пропуштени зицери ќе се надеваше и на повеќе од пораз.