Македонија во финалето на ЕУРО 2020: Cyдиите Начевски и Николов ќе го cyдат големото финале во ракомет

ИЗВОРскопје24
|

Македонската ракометна селекција уште по првата фаза од ЕП 2020 во ракомет ги заврши настапите, но тоа не значи дека завршницата ќе помине без Македонци.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на Европското првенство во ракомет. ЕХФ ја потврди професионалноста на најпознатата судиска двојка од Македонија и им го додели финалниот меч кој ќе се игра во недела во “Теле 2 Арената” во Стокхолм, oбјави “Balkan Handball”.

Македонците веќе со години се еден од најпознатите и најпрофесионалните судии на меѓународната сцена, како на европските и светските првенства, така и на клубски план, но сега по прв пат ќе имаат прилика да судат на едно големо финале.

Ова е уште само една потврда за нивниот квалитет, па немаме сомнеж дека арбитражата во финалето ќе биде на ниво

Големото финале е в недела со почеток од 16:30 часот.