Македонка ќе глуми во новиот филм „Црната вдовица“ на Marvel со Скарлет Јохансон

ИЗВОРскопје24
|

Филмот „Black Widow“ или „Црната вдовица“, работен според стриповите на Marvel, е во фаза на снимање, чија премиера се очекува во мај, 2020 година.

Во главната улога се појавува Скарлет Јохансон и го глуми агентот Наташа Романов, а дејствието ги опфаќа нејзините авантури во периодот помеѓу Civil War и Infinity War.

На големо изненадување, во филмот ќе глуми и 25-годишната Македонка Симона Браун-Живковска.

Прекрасната актерка е британски државјанин, но родена е во Скопје на 24 јуни, 1994 година. Во 2001 година се сели во Велика Британија со родителите.

Досега глумела во ТВ серијата Devils и се појавила во повеќе кратки филмови.

Неверојатно сме горди на успехот на Симона и ѝ посакуваме успех, очекувајќи ја наскоро на филмското платно.

Инаку светскиот економски магазин „Форбс“, ја стави актерката Скарлет Јохансон на првото место според зара
од филмови. „Црната вдовица“ од филмот „Одмазници“, веќе втора година по ред е на врвот.

Оваа годинa периодот од јули 2018 година, до јуни 2019 година Јохансон заработила 56 милиони долари.

Јохансон ја засени ѕвездата од „Модерно семејство“, Софија Вергара, која е на второто место на листата нa „Форбс“ на најплатени актерки во светот. Латино ѕвездата има заработено речиси 12 милиони долари по односно околу 44 милиони долари. Вергара едно време беше на првото место на „Форбс“ на листата на најплатени актерки.

На третото место на оваа листа се наоѓа Рис Витерспун, русокосата актерка од Харвард, која во последно популарна и како продуцентка и актерка во серијата „Мали лаги“.

Витерспун има заработено околу 35 милиони долари.  Освен најбогатите тројки, на оваа листа се наоѓа Елизабет Мос, Маргот Роби, Никол Кидман, Џенифер Анистон и други.

Извор: crnobelo.com