Македонка во Австралија – „Никогаш нема да и дадам на свекрвата да ги види внуците“

ИЗВОРСкопје24
|

Јас сум Елена од Австралија и сакам да го кажам својот проблем. Имам свекрва во Македонија која бара секое лето да ги пуштам децата на распуст во Македонија.

Таму се и моите родители и ги пуштав да седат еден месец кај неа и еден месец кај моите родители, но ова беше последен пат. Кога се вратија децата годинава ми кажаа дека свекрвата почнала да пие многу алкохол и да зборува против мене и моите родители. Се изнаслушав многу разговори и навистина ми се згади од нив. Секогаш сум била коректна но овој пат не знам што да кажам, освен дека сами таму веќе нема да ги пратам. Моите родители кога дознаа за малку избегнавме скандал. Јас пробав да разговарам со неа, а  таа само негира.

Алкохолот прави чуда бидете внимателни дури и на стари години. Се надевам дека ако го прочита ова ќе се препознае и ќе се вразуми, а и ќе се извини.

Свекрва ми живее во Битола, моите се во Скопје, стварно незнам веќе како да постапам. Ако имате некој совет кажувајте!

Фала, Елена М.