Македонска компанија победник на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021

ИЗВОРСкопје24
|

На Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021 победи Македонскиот стартап „Creative Hub”, кој во 2019 година се најде на листата на најупешните на Форбс „30 под 30″.

Ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД информираат од „Creative Hub”.

„Creative Hub” беше единствен стартап од Европа, а целта беше токму привлекување на инвестиции за развој на бизнисот и отворање на нов пазар во САД.

Оваа победа е само почеток на успех на нашата компанија надвор од границите на нашата земја, рече Аријана Коскарова, основач на „Creative Hub”.

Глобалната Инвестициска Сцена (GFRS) е интернационална ко-инвестициска платформа за инвеститори, стартапи и бизниси со голем потенцијал за раст кој има за цел да им отвори можност за глобализација на бизнисите преку собирање на инвестици од верификувани инвеститори.