МАКЕДОНСКИ ИЗУМ: Кочанчани прават деликатеси во дивина – еве како зготвиле кокошка на воденица (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Тројца (барем така се претпоставува) кочанчани имаат своја страна на Фејсбук, Твитер и Инстаграм каде секоја недела ги презентираат своите кулинарски умеења – но во дивина.
Тие секоја среда објавуваат по еден рецепт, секако подготвен во дивина, а ние ви го претставуваме малото ремек дело, односно кокошка печена на воденица – а се’ сами подготвиле…

„Испековме кокошка, од ништо, во планината, блиску до река. Исто така направивме и воденица па ја искористивме силата на реката за да лесно испечеме кокошка на огин. Крцкава, зачинета, со убава коричка и месо кое паѓа од коските…Уживавме во ова искуство. Се надеваме дека и Вас ве инспириравме да подготвите нешто кога наредниот пат ќе одите во дивина“, пишуваат момчињата во описот на видеото.


Видеото е професионално снимено и наликува на популарните ширум светот видеа за прешивување во дивина.

Погледнете:

екран.мк