Македонскиот репрезентативец ќе стане татко: Радосните вести ги објави неговата девојка (ФОТО)

|

Дарко Велковски е 26 годишен фудбалер, кој е дел од македонската фудбалска репрезентација. Роден е во Скопје и игра за ХНК Риека како централен бек или како централен играч.

Често на неговиот Инстаграм профил можеме да видиме дека е заљубен, објавувајќи фотографии со својата долгогодишна девојка Тамара Чуприна.

Овој пат, таа ги изненади сите и објави фотографија од ултразвук на бебе заедно со бебешка облека и под објавата напиша:

„Исто како мојот татко, без фотографии ве молам“ – алудирајќи на тоа дека бебето се крие на фотографијата направена на ултразвукот.

Според оваа нејзина објава таа е веќе во петтиот месец од бременоста, но сеуште не го откри полот на бебенцето.

Инаку, Тамара е сестра на Драгана Чуприна, поранешната водителка на Бекстејџ.