Македонското знаме и Елмас главни – Наполи го претстави календарот за 2020 година (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Наполи го претстави новиот клупски календар за 2020 година.

Сосема очекувано, дел од официјалното видео е и репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас стави потпис на петгодишен договор со Наполи. Според италијанските медиуми, нашиот интернационалец ќе инкасира 7,5 милиони евра до крајот на договорот.

Елиф Елмас е вториот Македонец кој го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Македонскиот репрезентативец одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна четири гола, а со своите 19 години има веќе 11 настапи и за сениорскиот национален тим на Македонија.