МАКЕДОНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: НАЈТОПЛО И ДО 45°C ВО ПОНЕДЕЛНИК

ИЗВОРСкопје24
|

Македонија поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза, така ќе се задржи и понатаму во следните денови.

Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Особено поиздразен ветер од западен правец ќе имаме во понеделник, особено од пладневните часови па натаму.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, најтопло ќе биде во понеделник (за Илинден) кога температурите Долж Повардарието и на југоистокот ќе се искачат до околу 45 степени и истите и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

И понатаму во следните денови, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост. УВ ИНДЕКОСТ ќе остане МНОГУ ВИСОК и следните денови и ќе има коефициент 9, што значи граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности.За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм – @slavchopoposki !