„Малечка сум, ама човек сум! Ништо не сакам само бојлер да не се капам вo корито!“ – Славица со многу тешка животна приказна (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Славица Димовска висока само еден метар е најниската жена во Македонија. Живее во општина Чашка. Има 61 година. Dosie.mk беше да ја посети по втор пат. Таа сама се бори во животот со големите предизвици кои ги има како лице со инвалидитет.

Најмногу во животот жали за мајка и која го изгубила животот на нејзиниот 13ти роденден. Била тепана и избркана од семејството. Живее со 4000 денари но тешко се опстојува, нема бојлер и се капи со стоплена вода во тенџере. Куќата е руинирана и не е нејзина, но барем има кров на глава.

Вели дека од овој свет си заминал и мажот, па сега е сосем сама. Единствена желба и е ако може некако да најде да купи бојлер да се бања како човек.