Маленко се ожени по пети пат и се пресели во Словенија, за естрадниот магазин Бекстејџ откри дека оваа е вечна љубов

|

Народната трета среќа, за Маленко не важи. Тој пред некој месец беше главна тема во медиумите и помеѓу чаршиските муабети, откако по пети пат се ожени овој пат за своја колешка, пливачката Метка Спаравец од Словенија.

Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што можеше да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца од различни жени.

Сега Маленко ексклузивно за естрадниот магазин Бекстејџ ги откри причините поради кои се пресели во Словенија и деталите околу неговиот брак и врска со Метка.