Малолетници малтретирале девојче во автобус допирајќи ја по телото

|

Вчера во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на бул.„Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во изминатиот период, имаше и други случаи за сексуално вознемирување кои беа процесирани од МВР и Обвинителството.

Исто така, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.Л.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

„На 22.11.2022 во Кичево, пријавената физички ја нападнала М.С.(30) од Кичево и ѝ одзела пари“, велат од МВР.