Мамо не ме оставај, јас не знам како е тоа да живеам без тебе

ИЗВОРСкопје24
|

Мама има 70 години. Таа ми тутка круши и јаболка, и вели со извинување: “Не се многу убави кога ќе ги погледнеш, но тие се многу вкусни. И не се прскани, од нашата градина се. Земи, знам дека ги сакаш “

И јас ги земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето на мајка ми. Одам, седнувам во автомобилот, заминувам.

И повторно некаде се движам. Брзам. Менувам градови и временски зони. Кај мајка ми доаѓам кога можам. По сите свои активности. По кафе со пријателите, и маникирот во салонот.

Ѝ носам нешто вкусно, и брзо прашувам – како е, што има ново, со нетрпение ја слушам (па што може да биде ново кај неа и кај татко ми), станувам иронична во врска со нејзините, за мене безначајни, проблеми и грижи. И пак заминувам–трчам по своите обврски.

Мајка ми задолжително ќе ми каже дека одам лошо облечена, дека не го чувам грлото, затоа кашлицата и не поминува. Таа ќе ми каже дека многу работам, и дека е време да се смирам. Ќе се согласите со мене дека животот е комплициран, и дека не е страшно ако не можам честода доаѓам кај неа.

A живееме 20 километри една од друга. Редовно ѝ се јавувам, и ги слушам деталните приказни за пазарот, сестрата на која ѝ е многу тешко на село, за тоа дека доматите не родиле, бидејќи имало суша, дека кучето на соседот ја гризна нашата мачка.

Не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот, не се случува ништо важно. Станувам малку лута кога ќе ми се жалина своите болести, ја молам да отиде на лекар, а таа само одмавнува. Но, јас не сум доктор, како можам да знам какви лекови, на крај на краиштата, треба да се пијат!

Мајка ми, одеднаш, нажалено вели: “Па, на кој ќе му се пожалам, ако не тебе ”

И јас занемувам, држејќи го мобилниот телефон во рака и сфаќам дека сум многу неправедна. И дека овој нејзин ѕвонлив глас, и сите нејзини зборови, и сите наши вечни дебати за тоа која од нас е во право, и нејзините негодувања, и моите изговори – сето тоа и е нашиот живот. Оној кој е тука, и сега.

Скокам, се возам до неа “непланирано”, таа успева да ми испече лепињи, татко ми ми нуди да се напијам чаша домашно вино. Вино не можам. Возам. Тој пие сам, и го фали своето вино. Се смееме.

Се завиткувам во шалот на мајка ми, студено е. Мајка ми брзо става дрва во шпоретот. И Јас сум, пак, мало безгрижно, среќно девојче. И сето тоа е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми.

Мамо, мамо, само долго поживеј ми, бидејќи јас не знам како е да не го слушнам твојот глас, како е без твојата кујна и топлината на домот коит и ги создаваш. Јас не знам како е тоа – да живеам без тебе.

Извор: Kukuriku.mk