Манекенката и модел Цеце Георгиев се враќа на сцената (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Откако стана мајка и на свет ја донесе малечката убавица со необично име Кара Розмари, некогашната манекенка и топ модел Цеце Георгиев (порано Орешкова) тргна да се врати во топ форма. Најпрвин изгледот и килограмите бргу ги донесе во склад со телесната конфигурација, па затоа реши одново да се впушти во „работна акција“

Манекенката сакаше да се потсети на тоа како изгледаше во минатото па направи споредба со една „нафталинска“ и една најнова фотографија. И секако она што лежи во деколетето – денес и на времето!

Фотографијата од лифтот за самодоверба на манекенката дека без проблеми може да влезе и во панталони, па кусо видеоклипче во седечка поза, каде до израз доаѓаат долгите нозе, а истото можете да го погледнете ТУКА.

Откако се увери и убеди дека иако е згодна мама, се’ уште може да биде права мачка, Цеце тргна во вистинска акција…

Време е за снимање нова фотосесија и реклами, за да се покаже што треба да носат и како да изгледаат вистинските дами.

Чекор по чекор, кадар по кадар, од лицето кон градниот кош и резултатот никако не може да биде лош…

Цеце Георгиев одново позира… Згодна мама како вистинска дама.