Актерката Марго Роби (32) одржа говор на BAFTA: A Life in Pictures, а за време на нејзиниот говор откри кој филм ја натерало да сфати дека е добра актерка.
Станува збор за филмот „Јас, Тоња“ кој е базиран на вистинска приказна за шампионката во уметничко лизгање Тоња Хардинг, која на малите екрани излезе во 2017 година.
-Кога го видов тој филм реков: „Во ред, јас сум добра актерка“ – рекла Роби.
Марго до неодамна беше најпозната по улогата во филмот „Волкот од Вол Стрит“, но по тој филм сакаше да се откаже од глумата бидејќи медиумското внимание што го добиваше во тоа време беше преголемо. Сепак, малку подоцна сфатила колку всушност е добра во тоа што го работи.