„Марија ми се извини“ – Јелена Карлеуша откри во какви односи е со Марија Шерифовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ е познато по драмите кои се случуваат во секоја емисија, без исклучок. Една од нив најсвежа беше кавгата која настана поради натпреварувачката Вања Кнежевиќ, која е дисквалификувана поради споделување на објави на социјалните мрежи кои ја навредиле Карлеуша.

Сега, по одреден изминат период, Марија и Јелена повторно се сретнаа на снимањата за една од емисиите, па едно нешто кое сите ги интересираше е какви се нивните односи, со оглед на тоа што Марија и беше ментор на Кнежевиќ.

Шерифовиќ за кавгата изјави дека Вања не требало да го објави спорното стори, но и дека Карлеуша претерала со нејзините реакции и се можело да се смири на мирен начин. По оваа објава на Шерифовиќ, реагираше и нејзината колешка Карлеуша која истакна дека доколку станува збор да ја брани Марија и нејзиното семејство би била во прв ред. Потоа, Јелена ја отследи Марија од социјалните мрежи.

Карелуша за телеграф. рс проговори по целиот скандал и откри каков е односот со нејзината колешка и пријателка.

„Марија е многу емотивна, реагира имплусивно, како да кажам, се труди да биде добра и со едната и со другата страна. Таа не може да поддржи и не поддржува повик за нас илство над моите деца и тоа го кажа во она видео. Секако, таа ми се извини на убав начин и ги решивме сите несогласувања“, изјави Карлеуша.

Јелена најави и дека ќе поднесе тужба против Вања Кнежевиќ, но сега се откри дека се предомислила и нема да ја тужи кандидатката.