Марија Николовска – “Животот во Германија е катастрофа”

|

Марија Николовска е една од многуте македонски читатели од дијаспората и ни го опиша животот на нашите таму.


Почитувани пријатели, сите кои ми љубоморите за животот во Германија – отворено ќе ви кажам тука е катастрофа. Секогаш ќе бидеме граѓани од втор ред к ги работиме највалканите работи. Јас сум информатичар и работам во таква куќа, можам да ви кажам дека и покрај тоа што земам голема плата јас никогаш нема да бидам еднаква или богата како Германците. Во оваа работа иако мислите дека е спротивно балканците ги работат сите “валкани” тешки работи за разлика од Германците кои секако ти се шефови. Прашајте ме за социјален живот, кога последен пат сум била во Кино, кога сум излегла, тука нема доцнење на работа успивање, доаѓање изморен од дома.

Тука те цицаат на работа и кога ќе дојдеш дома за ништо не си способен. Мојот дечко Ахмед работи како молер и по цели денови е на објекти, никако не се гледаме. Ќе се видиме навечер и што попрво. Иначе Ахмед е дипломиран економист но тука не е така лесно да се снајдеш по струка. Како што кажав животот тука е катастрофа, единствено ако ви е за утеха, полошо е во Македонија ако немаш пари. Но ако си снајден таму, не се мачи тука секогаш ќе бидеш современ роб.