По кавгата за Вања Кнежевиќ, Марија и Јелена првпат се сретнаа – еве како се однесуваа

ИЗВОРСкопје24
|

Кандидатката која беше под менторство на Марија Шерифовиќ, Вањ Кнежевиќ која инаку беше дисквалификувана бидејќи на социјалните мрежи сподели содржина кој ја навреди Карлеуша ги разниша односите помеѓу двете колешки, Марија и Јелена.

По барање на Карелуша, продукцијата донела одлука Вања да го напушти шоуто. По тој повод тогаш се огласи и Шерифовиќ која истакна дека сите претерале, дека Вања не требала тоа да го објави, но и дека Карлеуша претерала со нејзината реакција.

По ова огласување, Карлеуша и се обрати на Марија истакнувајќи дека е разочарана и дека прва би ја бранела неа и нејзиното семејство. Потоа, Карлеуша ја отследи Марија од социјалните мрежи. Сепак, се поставуваше прашањето како двете пејачки ќе се однесуваат кога ќе се сретнат повторно на снимањата и дали ќе седат една до друга како што беше досега.

Имено, вчераа започнаа снимањата на петиот круг на „ЅГ“, а Марија на новинарите им откри дека нема проблем да се поздрави со своите колеги меѓу кои и Карлеуша.

По објавите на социјалните мрежи, изгледа дека пејачките се смириле бидејќи на една од снимките може да се забележи како разговараат меѓу себе, а потоа како седат на менторските столчиња и играат.