Марија Шерифовиќ откри детали за заработката од „Јутјуб“

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Шерифовиќ поради здравствената криза и забраната за настапи се откажа од пејачката професија па започна да работи на свој Јутјуб канал.

Сега таа открива како ја чувствува финансиската криза.

– Се обидувам да координирам сè. Јас би лажела ако кажам дека и јас не го чувствувам тоа, но едноставно има колеги музичари со многу потешка ситуација, затоа е несоодветно да зборувам за тоа.

Пејачката неодамна отвори и својот „Јутјуб“ каде што се снима и често објавува разни видеа, а на прашањето дали заработува од оваа платформа, таа вели:

– Гледам дека има многу полемики за тоа колку во моментот се заработува преку дигитални платформи. Гледам дека има многу полемики за тоа колку во моментот се заработува преку дигитални платформи. На сите им е јасно дека овој век на дигитализација го регулира тој финансиски дел, па ако тоа се случи, кој би протестирал“, вели пејачката.