Марија Шерифовиќ упати охрабрувачка порака на Карлеуша – Со само 6 зборови се огласи за промената во „Ѕвездите на гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Новата сезона на „Звездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а едно големо изненадување ги чека учесниците и гледачите на самиот старт – нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ. Цеца дојде наместо поранешната членка на жирито, Јелена Карлеуша, што предизвика голема реакција во јавноста бидејќи сите многу добро знаат дека тие две не можат да се поднесат.

Досега членовите на жирито беа во шок, бидејќи, како што тврдат тие што се огласија, никој не бил информиран за овој трансфер.

Сите посебно сакаа да го слушнат мислењето на Марија Шерифовиќ бидејќи таа не е само колешка на Јелена туку и добра пријателка.

Иако вчера не сакаше да ја информира јавноста, денес конечно се огласи на социјалните мрежи.

Таа објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде е заедно со Карлеуша во емисија.

Подолу таа напиша: „Можеби ќе нe обедини нова емисија, повторно …“.