Марина Туцаковиќ пред заминувањето напишала тестамент, но и потенцирала на кого му е лута и кој и должи пари

|

Најпознатиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ  минатата недела го напушти овој свет по долга и тешка болест, а ќе биде погр*бана во семејната гро*ница, покрај синот Милош Радуловиќ, на 29 септември, во среда.

Всушност, тоа ѝ било и последна желба на авторката на најголемите хитови во регионот, која во 2008-та година ја доживеа најтешката болка што било кој човек може да ја помине во својот живот, кога остана без помладиот син, кој го загуби животот во 24-та година од животот.

Марина како вистински херој и покрај се продолжи со својата кариера и им помогна на многу пејачи и пејачки, па им изгради успешни кариери, а според сознанијата, за време на бор бата со подмолната болест, наводно напишала и тестамент.

“Марина долго време боледуваше,  а за време на лекувањето имаше време да размисли за се’ и да работи на голем број текстови, со помош на синот Лаќа. За време на бор бата со ра*от, напиша и тестамент, затоа што здравствената состојба ѝ осцилираше од ден во ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомнува и голем број изведувачи на чии текстови работеше, истакнувајќи дека во некои од нив се разочарала и им се налутила, па затоа голем број текстови останаа недовршени. Како што и самата истакнуваше пред смртта, додека беше добро , сите ја бараа и ѝ бараа кариери, а во последните месеци од животот никаде ги немаше, што предизвикуваше револт кај неа“, раскажува извор близок на Туцаковиќ, додавајќи:

“Многу пејачи ѝ останаа должни големи пари за текстовите, ја мајтапеа, а од друга страна, јавно зборуваа дека се добри со неа и ѝ даваа поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не зборуваше јавно за тоа… Сите знаеме колку голем човек беше“, завршува изворот.