Маркијан нема ниту едно другарче: Ребека емотивно за синот

ИЗВОРскопје24
|

Ребека Јанковска-Ристески долго беше на музичката естрада и сите ја знаевме како пејачка. Веќе неколку години, иако одвреме навреме настапува на различни настани, музиката и е во втор план. По раѓањето на нејзиниот прв син Маркијан нејзиниот живот и приоритетите драстично се сменија и таа целосно се посвети на борбата за подобрување на условите на лицата со посебни потреби. Таа и нејзиниото здружение „Дајте ни крилја“, организираат многу активности и се постојано активни кога станува збор за подобрувањето на условите за живот на децата со посебни потреби.

Денеска на социјалните мрежи Ребека сподели емотивна порака која се однесува на нејзиниот син Маркијан.

– Голема вистина. Маркијан нема ниту едно другарче. Тој и не знаеше како да се дружи со деца до скоро. Среќа што ги има братчињата и почнува полека да се вклучува во игра и да се забавува и тој. Инаку меѓу децата во уцилиште не пројави никој посебна желба да го дружи или барем да се обиде вон училиште. Се дружи со нив на родендени и тоа е се’. Иако тие го прифатија со сите негови недостатоци без да не бркаат од школо или пак да потпишуваат петиции за негово исклучување како претходно, за што сум многу благодарна – вели Ребека.

Таа на социјалните мрежи апелираше некој да сподели искуство на другарување помеѓу дете со аутистичен спектар на однесување и дете со типичен развој и се прашува дали тоа е реткост или пак, како што вели, нејзиниот син Маркијан нема среќа.

Маркијан лани во ноември наполни 13 години.

“Кога стигнавме дома по роденденската забава, Маркијан ме гушкаше постојано и не заспа до 1 часот. Се радуваше на секој пристигнат гостин и ми велеше: “Мамо, сите дојдоа”, редејќи ги по име. Многу сака музика и има свои омилени песни кои ги слyшавме во текот на роденденот. Се изнасмеавме кога кажа: „Сакам уште родендени!”, изјави пејачката.

– Ги научи буквите, бројките и боите конечно. Би сакала да научи и да чита. Слуша џез, рок, техно, македонска изворна музика, а од македонските бендови ги обожава „Суперхикс“ – вели Ребека.