Издавање на упати и пропишување на рецепти нема да има на 5,6 и 7 септември, поради протест на матичните лекари кои на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања.
– Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛРМ.
Се работи за опстанок на матичните лекари по севкупното зголемување на цените, особено на струјата и на бензинот. Мора нешто да се смени за да има кој да ги лекува граѓаните, велат од здружението. Лекарите очекуваат во партнерски однос да дојдат до заеднички прифатливи решенија.
Дали за неколку дена надлежните ќе успеат да решат нешто што се провлекува со месеци преку работни групи? Од Министерсвтото за здравство ни одговорија дека заедничка цел е здравствениот систем да работи успешно, а матичните лекари се една од клучните алки во системот.