Маж станал милионер преку ноќ – Богатство буквално му паднало од небо

ИЗВОРСкопје24
|

Честопати слушаме од нашите родители или баби и дедовци дека мора многу напорно да рабориме доколку сакаме да имаме многу пари, бидејќи богатството не може да ни падне од небо… Епа ова е доказ дека таа изрека не е точна, и тоа во буквална смисла.

Човек во Индонезија по име Џошуа имал среќа како ретко кој во животот, тој до неодамна како повеќето луѓе на планетава заработувал мизерна плата за живот преку изработка на сандуци, но неодамна во куќата преку покривот му паднал огромен врел камен тежок 2,2 килограми.

Се утврдило дека тоа е метеорит стар 4,5 милијарди години и дека е еден од најзначајните кои некогаш се најдени на планетата. Тој го продал метеоритот за околу 1,5 милиони евра, и како што изјавил, дел од парите ги искористил да изгради црква во своето село, пренесува порталот Индекс.

Тој и сопругата, како што тврди, сакале уште една ќерка покрај трите деца кои веќе ги имаат, а ова му било знак од вселената дека е време за повторно проширување на семејството, бидејќи сега се финансиски стабилни.