Меган е повторно бремена: Ја открил еден детал – истото го правела и во првата бременост

ИЗВОРСкопје24
|

Меган Маркл по седум месеци од раѓањето на синот Арчи, наводно е повторно бремена. Како што пишуваат британските и американските медиуми, таа и принцот Хари овој пат ќе добијат девојче.

Гласините започнале да се шират откако Меган кон почетокот на овој месец била фотографирана во јавност како се држи за стомак, а бидејќи тоа постојано го правела за време на првата бременост, јавноста заклучила дека тоа може да значи само едно.

Според пишувањата на американскиот магазин “OK!”, војвотката од Сасекс е веќе во четвртиот месец од бременоста и чека девојче. Покрај тоа, магазинот тврди и дека кралицата ја дочекала веста со воодушевувања и е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за уште еден член.

“Тие секогаш велеа дека би сакале да имаат две деца со мала разлика во возраста. Кога Меган дознала дека очекува второ дете, само неколку месеци откако го родила Арчи, таа и Хари се пресреќни. Хари веќе избра име, Дијана по п*којната мајка. Меган целосно се согласува бидејќи знае колку многу му значеше него“, изјавил анонимен извор за „New Idea“.