Меѓународна студентска конференција „Разменуваме знаења, создаваме можности!“

ИЗВОРскопје24
|

Студентите и наставниците од Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет во Скопје, организираат Меѓународна студентска конференција.

Конференцијата ќе се одржи од 13 до 15 септември на Филозофскиот факултет. Пркровител на конференцијата е Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-н Зоран Заев.

Покана

Конференцијата е прва од ваков тип, во фокусот се лицата со попреченост, а учество со теми и разработка на можностите за подобрување на квалитет на животот на оваа категорија се разгледува од различни аспекти.

Пријавено учество имаат студенти од различни факултети, меѓу нив и студенти со попреченост. Конференцијата ќе биде инклузивна во целост и како даватели на услуги (угостителски и за изработка на конференциски материјали) ќе бидат задолжени лицата со попреченост.