Мехмедовиќ: Луѓето заложуваат куќи, станови за да можат да си го платат лекувањето во приватните болници

ИЗВОРСкопје24
|

Доктор Злате Мехмедовиќ во вчерашното гостување во емисијата 24 Анализа напомена дека овие мерки кои што се на сила сега нема да донесат ефикасни резултати, па затоа тој смета дека целосен локдаун од 5 до 7 недели би го решил проблемот, а потоа дури би можеле да се релаксираме.

Мехмедовиќ исто така напомена и дека луѓето многу често бараат услуги во приватните болници затоа што јавното здравство е преопроварено, тука се јавува проблемот немањето на финансии, па пациентите приморани се да ги заложуваат своите куќи, станови за платат и да добијат кревет, како што вели тој приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните.

За потсетување вчера министерот за здравство Венко Филипче извести дека имал разговор со приватните болници во државава во однос на намлувањето на цените во приватните болници, а исходот од овој разговор е дека приватната поликлиника Жан Митрев е подготвена да ги намали цените, додека од Систина добиле негативен одговор.

„Имавме состанок со директорите на трите приватни болници. Државата нема формално-правен механизам за да им наложи намалување на цените на приватните болници. Апелирав цените да бидат намалени поради кризата, а доктор Жан Митрев изрази подготвеност за такво нешто“ , изјави Филипче.

Сепак, министерот за здравство истакна дека од приватната болница „Аџибадем Систина“ му порачале дека цените нема да ги намалат: „Јасно ми кажаа дека не можат да ги намалат цените затоа што со тоа немале економска логика“.