ХИТ ВИДЕО: Мексикански коментатор се заборави по погодокот на Елмас

ИЗВОРСкопје24
|

После цели 20 години Германија го претрпе првиот пораз во квалификации за Светско првенство, уште поголема е среќата што тоа го направи токму Македонија. Целиот свет зборува за Игор Ангеловски и неговите херои.

Победата над великанот Германија во Дуизбург самиот Ангеловски ја спореди со историскиот триумф во Тбилиси и пласманот на континенталниот турнир, а колку се зборува за нашите миленици во светската спортска јавност најдобро ни говорат натписите од светските медиуми.

Додека целиот регион е воодушевен од играта на Македонија и се пишува за фудбалска лекција, останатиот дел од светот е запрепастен од првиот пораз на Германците на квалификациски меч во ерата на Јоаким Лев, а после сите интересни наслови кои веќе ги прочитавме, за издвојување и една коментаторска реакција.

Мексиканскиот коментатор на телевизијата „ТУДН“ не се штедеше по погодокот на Елмас и во карактеристичен стил го проследи погодокот на играчот на Наполи кој се покажа како пресуден за фудбалското чудо.

Хит видеото погледнете го ОВДЕ.