Мерката една доза како влезница во затворени објекти ќе остане уште 1 до 2 недели, вели Филипче

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство Венко Филипче за мерката влез во затворени објекти само на лица со примени две дози напомена дека ќе се дискутира на следниот Центален штаб во Владата што треба да се одржи наредниот понеделник.

– Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнитени со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза биде потребен сертификат со две дози, посочи министерот за здравство Венко Филипче по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.