„Ми кажа уште нешто таа вечер“ – Весна Бејби со емотивен статус се потсети на Тоше

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска се навршуваат точно 13 години од заминувањето на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески, па голем број негови колеги како и фанови уште од вчера се присетуваат на големината на овој наш великан.

Честопати знаеме да слушнеме и кажеме како секој еден од нас и до ден денеска се сеќава каде бил и што правел во моментот кога ја слушна тажната вест, бидејќи овој момент остана врежан во трајната меморија на македонскиот народ… изгубивме човек каков што ретко се раѓа дури и на илјада години, а ние го имавме кај нас. Толку блиску, а замина така рано…

Меѓу колегите и пријателите кои денешниот ден никогаш нема да го заборават е и Весна Бејби Петрушевска кај која Тоше гостуваше за последен пат, само неколку часа пред да тргне на неговото последно патување. Можеби токму затоа таа секој 16ти го чувствува толку силно.

И оваа година Бејби се присети на нивната последна средба и на зборовите кои последно си ги кажале, а фановите и испратија безброј коментари на поддршка.

„13 години Тошеневеројатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер…те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…“, напиша на својот Инстаграм профил Весна Бејби.

(Н.Ј.)