Миа Костова се пресели во нов стан – сега објави фотографии од истиот

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата Миа Костова речиси секогаш споделува со нејзините следбеници што има ново и како го поминува времето. Миа неодамна откри дека се преселува во нов стан, а сега одговараше на прашања на нејзините следбеници, па покажа како изгледа нејзиниот нов дом.

Некој од следбениците ја праша каде се преселиле, а таа откри дека нејзино ново место на живеење е Капишетец.

Таа објави и колаж од фотографии од новиот стан, а според приложеното може да се забележи дека преовладува крем и бела боја и изгледа префинето и со вкус, без многу натрупани детаљи, модерно и уредено.

Миа откри дека се преселила од Аеродром во Капиштец бидејќи е центарско дете, поради работните обврски и поради училиштето на Андрија.

Водителката одговори и на прашањето дали и пречи што нема влез во кафулиња и трговски без сертификат, па откри како го поминува времето.

„Дома, многу сакам дома, не ми недостига ништо, моловите ич. Имам проблем со состаноци кои најчесто се по кафичи, ама во овој случај се по фирми, што исто така не менува многу“.