Микрофонот го замени со ножици: Жаре од бербер стана пејач, Таско од рапер стана бербер

ИЗВОРСкопје24
|

Низ јавните кругови се шушка дека после сиот овој успех, Таско ќе ја остави музиката и ќе менува професија. Од рапер, станува бербер! Екипата на Бекстејџ реши да провери на лице место. И додека сите мислат дека периодов Таско е затворен во студио и подготвува нови песни, него еве ти го во еден фризерски салон, но не како муштерија, туку како мајстор за фризури!

„Комши, сакаш на кец или уште пократко?“ Мајстор Таско знае што е тоа модерна фризура, па не треба многу, многу да му се објаснува, или…? Дали и како, раперот се снаоѓа во улогата на бербер, ќе го биде детето па ќе добие бакшиш од задоволните муштерии или откако ќе се видат во огледало што им направил, тие него ќе го бркаат со машинка в рака за да му направат „Х“ среде глава или да го потсрижат на „нула“?

Едно е сигурно: И официјално, Таско се обиде да ја смени својата професија. Дали раперот дефинитивно стана бербер или музиката му оди многу подобро, ќе видите во видеото подолу.

Патем, ако имате нешто да го прашате или ако ви се допаѓа како потстрижува, а немате бербер… Таско вечерва е тука за сите вас. И тоа во #Бекстејџседидома во 20.00 часот во живо на онлајн муабет со уредничката Ева Јакимовска, но и подготвен да одговара на вашите прашања!

Затоа, седете дома и погледнете „како шиша“ Таско… За да имате вечер што да му кажете: