Мила Царовска го испрати синот на училиште: Му упати порака на својот најмил

ИЗВОРСкопје24
|

Министерката за образование Мила Царовска, денеска на првиот училишен ден го испрати својот син Давид во трето одделение.

Со фотографии на Фејсбук напиша и порака што му порачува на својот најмил.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение.

„Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, заразата ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“, напиша Царовска на Фејсбук.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и…

Gepostet von Мила Царовска am Donnerstag, 1. Oktober 2020