Милена Антовска ги спакува куферите и замина на дестинацијата која сите ја посакуваат – го покажа погледот кој го има од својата соба

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата телевизиска водителка Милена Антовска Станковска по подолг период поради ситуацијата со новата болест која ја имаме, беше спречена да патува, но конечно редот на незаборавните патувања им дојде, па така Милена ги спакува куферите и замина на патување во преубавата Анталија.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од аеродромот во Скопје, непосредно пред полетувањето каде напиша:

– Конечно патување, Со #fibulatravel животот е поубав.

На ова Велигденско патување Милена не е сама, таа замина во друштво со повеќе нејзини колеги, меѓу кои водителката Јелена Спенџарска, Ване Марковски, Марко Марк, јутјуберот Стефан Лазаров. Овој магичен туристички град има да понуди толку многу, Анталија се истакнува со преубавото море, сонцето и песокот па се до античките градови, историските градби и природните убавини. Едноставно ова е местото каде што човек максимално може да се препушти на уживање.

Убавината на ова место маестрално ни го долови убавата водителка која покажа како изгледаат утрата во Анталија. Имено, таа на својот профил на Инстаграм сподели стори во кое го покажа погледот кој го има од нејзината хотелска соба, со еден збор Милена заминала на рајско место.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.