Мини ролати со шунка и кашкавал: Вкусна и брза вечера

ИЗВОРСкопје24
|

Направете вкусни ролати со шунка и кашкавал.

СОСТОЈКИ: 8 парчиња шунка, 8 парчиња кашкавал, 1 јајце, презла и сол.


ПОДГОТОВКА: Се става парче шунка на работна површина, се става кашкавал горе, се витка ролат. Се оставаат ивиците на долната страна. Се редат на чинија и се ставаат во ладилник. Се мати јајцето со малку сол. Се става презла во друг сад. Се вадат ролатите од ладилник и се валкаат во јајце, па презла. Се пржат од сите страни.

Во продолжение уште еден брз рецепт:

Деликатес: Похован кашкавал во кори за пита

Направете вкусен домашен похован кашкавал во кори за пита.

СОСТОЈКИ: 12 еднакви парчиња кашкавал, 2-3 јајца, 1 пакување кори за пита и масло.

ПОДГОТОВКА: Се замотува секое парче кашкавал во кора за пита, се става во матени јајца и се пржи на загреано масло. Супер се со туна или зелена салата.

Добар апетит!