Министерката Мила Царовска, прогласена за ,,Жена на годината 2019” – на конференцијата “200 жени претприемачки”

ИЗВОРСкопје24
|

Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија денеска во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината”, во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки”.

Покрај, министерката Царовска, признанија добија и Ангелка Пеева Лаурениќ од „Имиџ ПР“ и Движењето за поддршка на креативноста “Браво Сине” во категоријата „Жена со трајни вредности”, Даниела Колиќ Димовска од „ЛИСЦА“ во категоријата „Жена со најдобар стил“ и Лила Филиповска од ТВ Сител во категоријата  „Инфлуенсерка на годината“.

Викторија Механџиска од „Зегин“ е прогласена за „Жена менаџер на годината“, Сања Лукаревска од УЈП за „Млада жена менаџер на годината”, а британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј за „Странец жена менаџер на годината”.

Режисерката на филмот „Медена Земја“, Тамара Котевска го доби признанието за „Жена со најголеми достигнувања во културата”, ракометарката Сара Ристовска за „Жена со најголеми достигнувања во спортот”, а Кристина Арнаудова од „Проект Среќа“ за „Жена со најголеми достигнувања за општеството”.

Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, и беше доделена на Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.

Целта на изборот е да им се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.  Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

локално.мк