Министерката за спорт на Франција му се „закани“ на Ѓоковиќ: Немој да испраќаш политички пораки

|

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос, а по мечот упати порака „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. Тоа крена голема врева во светската јавност, но не доби казна од организаторите на гранслем турнирот.

Сепак, министерката за спорт на Франција, Амели Удеа-Кастера, го прекори Ѓоковиќ да не испраќа политички пораки од спорските настани.

„Кога се работи за одбраната на човековите права и за пораки кои ги зближуваат општите вредности, еден спортист е слободен да каже што сака и да испрати порака. Но, пораката што ја испрати Ѓоковиќ беше милитантна и многу политичка. Тоа не смее да се повтори“, изјави француската министерка за спорт.

Ѓоковиќ денеска ќе се сретне со Мартон Фучович од Унгарија во својот втор настап на годинашниот Ролан Гарос.