Министерот Филипче гостин на првиот роденден на Лара – Ќерката на Јасмина, жена донор на срце (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

За жал Јасмина Василевска не дочека да го види првиот роденден на својата мала ќеркичка Лара, на која вчера семејството и направи мала прослава.

Јасмина беше третиот донор на срце и органи, која поради хуманоста на своето семејство успеа да се запише во историјата на хуманоста и да спаси три животи.

Лара вчера го славеше својот прв роденден, а на малата семејна забава семејството го повика и министерот Венко Филипче, кој ја прифати поканата и дојде во нивниот дом за да го запознае малото ангелче, а на социјалните мрежи постави емотивна порака и фотографии од настанот.

„Среќен роденден Лара ❤️ Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“ – напиша министерот Филипче на својот Фејсбук профил.