Министерот Филипче објасни: Зошто е донесена мерката за носење маска на отворено

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку видео објасни зошто е воведена мерката носење маска на отворено.

Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на заразата. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето.

Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат.

https://www.facebook.com/filipce.venko

Оваа меркаважи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Мерката не важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.


Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од болеста. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на заразата. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.