Филипче најави за колку време ќе имаме резултат од новите мерки

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку се почитуваат мерките кои се донесоа првите резултати би требало да ги имате за три до четири недели, кажа министерот Филипче.

– Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели, толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на заразата до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е неблагодарно да се даде прогноза. Очигледно е дека многу од прогнозите, предвидувањата, не само кај нас туку практично и во целиот свет не се остварија. Многу има непознати за оваа зараза. Еве сега има и шпекулации во однос на тоа дали мутирал или не, сето тоа е во сферата на истражувањето. Но, и покрај тоа, нашите очекувања се дека за еден месец, три до четири недели би требало да има видливи резултати и притисокот во болниците да спласне, рече Филипче.

Новите мерки кои беа изгласани и во Собрание предивдуваат задолжително носење на маска на отворено, забрана за групирања и зголемување на овластувањата на инспекциските служби.