Миркуловски уште две години во Вецлар

ИЗВОРскопје24
|

Филип Миркуловски ја продолќи соработката со својот клуб Вецлар, но ќе има нова улога. Тој овие две години ќе работи како асистент тренер и ќе биде и играч на тимот.

Филип во наредните две години ќе остане во екипата. Натпреварите ќе ги следи од клупа, но по потреба би можел и да заигра. Оваа одлука е потврдена од страна на еден од директорите на клубот.

„Навистина сме среќни што Филип ќе остане со нова улога и ќе може активно да придонесе на тимот. Тој е вистински професионалец, како на теренот, така и надвор од него. Нашите тренери можат само да добијат со неговото искуство. Миркуловски во иднина ќе му помага на стучниот штаб во секојдневната работа“, истакна Бјорн Сеип.

Миркуловски даде изјава и нагласи дека е благодарен на Вецлар.

„На моите години со сигурност морате да се размислите што ќе правите по крајот на кариерата. Затоа сум благодарен на Вецлар што ќе ми дадат шанса за нова улога од лето. Мислам дека ќе имам што да пренесам на младите играчи со моето искуство, особено на плејмејкерите. Новата улога ќе биде и нова територија за мене, па ќе морам да работам во различни дирекции, но едвај чекам“, истакна Миркуловски.

Нашиот Филип играше во Вецлар од 2015 година. Таму пристигјна по кратката авантура во Хановер. Од тогаш стана навистина важен играч, а исто така стана и капитен на тимот.