Митровиќ: Роналдо може да се лути, топката не ја мина линијата

ИЗВОРСкопје24
|

Сцената од судиското продолжение на синоќешната пресметка помеѓу Србија и Португалија (2-2) од квалификациите за СП 2022 кога Кристијано Роналдо ја упати топката кон празниот гол, од каде што таа беше избиена од домаќен фудбалер и понатаму е топ-тема во сите европски медиуми.

Имено, во последната минута не му беше признат чист гол на Кристиано Роналдо, иако топката со цел обем ја мина гол линијата.

Роналдо беше револтиран и ја фрли капитенската трака кога излегуваше од стадионот, но не мислат сите дека таа лутина кај Португалците била оправдана.

„Роналдо има свое видување на ситуацијата, може да биде и лут, ама мислам дека топката не влезе во голот. Ние на крајот сме задоволни од резултатот, освоивме бод. Но, не сме презадоволни, затоа што сакавме да победиме“, изјави Митровиќ.