Млад компир на скара – Првомајско уживање и за оние кои постат

|

Како што знаеме оваа година, Први мај и Велика Сабота, односно дента кога се чека Велигден се паѓаат во ист ден, но доколку постите тоа не значи дека треба да се воздржуваат од првомајската скара. Можеби нема да можете да јадете од месото но од овој неодолив компир ќе сакаат сите да пробаат – особено оние кои не постат.

Потребно е: 500 гр млади компири, 30 мл масло, сув зачин, црн пипер, малку црвена мелена пиперка, млад лук, оригано и свеж магдонос – исечкан.

Приготвување: Излупете ги компирите, измијте ги и варете ги 5 минути. Можете да приготвите и моркови за скара на истиот начин. Згмечете го лукот и прелејте го со 2-3 лажици вода. Во чинија ставете масло, сув зачин или само сол, мелен пипер, црвен пипер, и лук во сад, исцедете го и земете ја само течноста. Додадете оригано и сечкан магдонос. Во тоа додадете ги компирите и исечените моркови и измешајте ги убаво. Набоцкајте ги компирите и морковите на стапчиња за скара. Наредете ги во подмачкана тава и прелејте ги со остатокот од маринадата. Печете на скара на средна топлина или во рерна на 220 степени околу 20-30 минути.

Извор: Вечер прес