Во сабота, на 21 јануари, нè очекува првата млада Месечина во Водолија, а овој аспект претставува период во кој треба да воспоставите рамнотежа помеѓу вашите интереси и жртвите неопходни за да ја постигнете целта.
Астролозите истакнуваат дека енергијата на Водолијата ја подобрува интуицијата и нè тера да размислуваме за иднината. Младата Месечина во Водолија носи нова енергија која ќе влијае на сите знаци од Зодијакот, но најмногу среќа ќе имаат само овие четири хороскопски знаци.
Рак
Ракови, младата месечина ви носи подобрување на материјалната ситуација и конечно ќе бидете задоволни со тоа. Сега можете да купувате и патувате – работи за кои сте сонувале толку долго. Но, не претерувајте, бидете рационални и оставете го вишокот пари на страна.
Стрелец
Стрелците долго време чекаа добри вести, а сега конечно ќе ги добијат. Покрај добрите вести, ќе ги решите и конфликтите кои ги имате и тие односи ќе продолжат токму таму каде што застанале.
Лав
Луѓето родени во овој хороскопски знак чекаат нешто големо да се случи на емотивно ниво. Па, драги Лавови, постојат големи можности да влезете во убава романтична врска која ќе трае.
Шкорпија
Шкорпиите имаа меланхоличен период зад себе, но конечно му дојде крајот. Астролозите велат дека ве очекуваат убави патувања, познанства и состаноци. Заљубените ќе уживаат со саканата личност. Ќе имате период во кој само ќе уживате и ќе се одморите.