Многу пари за Лавот, одлични вести денеска ќе слушне Вагата: Дневен хороскоп (01.06.2020)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете помош од лицата од кои тоа најмалку го очекувате. На љубовен план главно владее затишје, но вие никогаш не сте сигурни како партнерот ќе реагира на вашите примедби. Затоа обидете се да не ставате препреки без потреба. Чувајте се од промаја.

Бик (21.04 – 21.05)

Некој упорно ги коментира вашите постапки, што може да доведе до кавга. Не ви одговара тоа што сте центар на вниманието. Кај вас љубовниот и деловниот живот се мешаат, особено ако се занимавате со слична работа како и вашиот партнер. Можни се проблеми со синусите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На невообичаен начин ќе успеете да решите некои свои проблеми. Ве очекува поддршка од една Вага. Магично сте привлечни за спротивниот пол и ќе се сетите како тоа изгледало кога не можеле да одолеат на вашиот шарм. Можни се проблеми со вените.

Рак (22.06 – 22.07)

Потребна ви е поголема самодоверба. Можеби ќе успеете и без ничија поддршка, а може да се случи лесно да станете товар на некого. Постои голема веројатност да ги влошите односите со вашиот партнер. Здравјето е подобрено.

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиите ќе ви се подобрат. Доколку доживеете нова љубов преку деловни контакти или пак станува збор за познанство од некој подолг пат, многу сте блиску до раскинување на постојаната врска, особено ако вашиот партнер има сосема различни ставови од вашите. Проблеми со варењето.

Девица (23.08 – 22.09)

Свесни сте дека некои лица сакаат да ви наштетат поради љубомората. Многу лесно можете да дојдете во кавга со многу лица. Ако бидете прибрани ќе ја зачувате работата и угледот. Моментално не би требало премногу да се занимавате со љубовниот живот. Многу сте напнати.

Вага (23.09 – 22.10)

Инвестирајте во нешто што во овој момент ќе ви се исплати. За своите идеи ќе добиете поддршка од членовите на семејството, што пријатно ќе ве изненади, бидејќи на таква реакција не сметавте. Ќе добиете убава вест од партнерот. Променете го начинот на исхрана.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Препреките пред вас не ви влеваат надеж. Некој ќе ве провоцира се додека не дознае се што го интересира. Би било добро да бидете колку што можете подискретни, бидејќи ќе паднете во немислост кај оние од кои на некој начин зависите. Задоволни сте со здравствената ситуација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе барате поддршка за своите идеи, иако знаете дека тоа што другите ќе го кажат ќе ве налути, а главно се однесува на вашата нереалност за многу прашања. Љубовниот живот и понатака ви е во некаква тајност. Потребен ви е разговор со партнерот. Можна е главоболка.

Јарец (22.12 – 20.01)

Сакате да кажете се што мислите, без оглед на можните последици. Тркалото на среќата се движи и вие сфаќате колку сте моќни и доминантни. Ако се работи за љубовниот однос, исходот е неизвесен, а тоа ќе ви донесе внатрешен немир.

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствителни сте на критики. Вашата работа и она што досега сте можеле да го направите а не сте го направиле ќе биде тема во домот, но и причина за завист меѓу колегите. Ви претстои интересно познанство со некој кој е доста повозрасен од вас. Проблеми со осцилирачки крвен притисок.

Риби (20.02 – 20.03)

Некои се обидува упорно да го заземе вашето работно место. Вие сакате некој да ве води и да имате на кого да се потпрете. Не земајте здраво за готово се што ви кажува партнерот, бидете малку флексибилни. Склони сте на меланхолија.