МНТ: Парите од купените билети ќе се рефундираат по 24 март

ИЗВОРСкопје24
|

“Поради засилените мерки за заштита на населението, како и превенција од понатамошно ширење на вирусот, а согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија, билетарницата на НУ Македонски народен театар ќе биде затворена до 24 – ти март 2020 година.

Средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани по 24 – ти март “. Ова е вонредно известување кое доаѓа од најголемата национална театарска куќа само еден ден откако оттаму известија дека редствата за билетите што граѓаните ги имаат купено на билетарницата на МНТ ќе бидат вратени по 13 март на билетарницата.

Оттаму ден претходно имаше известување:

“Доколку билетите сте ги купиле онлајн, тогаш ве молиме на info@mnt.mk пратете го бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе ви бидат рефундирани по електронски пат“.