Мобилниот телефон е еден од највалканите работи:Еве како правилно да го исчистите

ИЗВОРСкопје24
|

Мобилните телефони се едни од највалканите предмети кои ги имаме. Светската здравствена организација дала многу детали за правилното миење на рацете, која е најдобра заштита од инфекции, но доколку ги миете рацете па го земете телефонот, ништо не сте постигнале.

Еве како да го одржите својот телефон чист и да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите бактерии од него.

1. Исклучете го телефонот пред да започнете со чистењето.

2. “Apple” предложува да користите микрофибер ткаенина која ја употребувате за чистење на своите очила. Ако имате телефон кој е водоотпорен, можете да користите и топла вода и сапун, но избегнувајте на тој начин да ги чистите отворите на телефонот.

3. “Apple” и “Samsung” советуваат да не користите производи за чистење бидејќи тие можат да ја оштетат чувствителноста на екранот на допир. Разредете некое средство за чистење и бидете нежни кога го чистите екранот – избришете го телефонот и маската од сите страни.

4. Ако сте плашите дека ќе го оштетите екранот, купете заштита за екранот, а потоа бришете го телефонот преку заштитата бидејќи нејзе можете лесно да ја замените.

5. Измијте ги рацете пред и по користењето на телефонот пред да го допрете до лицето.

6. Ако често зборувате на телефон, користете слушалки наместо да го допирате телефонот до лицето. Сепак, чистете ги и слушалките бидејќи ни тие не се отпорни на бактерии.