Модерна дама со стил: Јована Стојменовиќ покажа од кого ја наследила убавината (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Јована Стојменовиќ е добро познато лице во македонскиот етер будејќи со години наназад имате прилика секој ден да ја гледате во утринската програма „Ја сакам Македонија“.

Професионална, средена, расположена Јована секој ден им го разубавува утрото на сите Македонци водејќи ги гледачите низ содржините на актуелните случувања, заедно со Александар Блажевски.

Јована важи за вистинска дама со префинет стил и смисла за мода, а освен на ТВ екраните некогаш имаме прилика да ја видиме и на модните писти, љубов која остана перманентна кај неа. Овој афинитет воопшто не треба да не чуди со оглед на тоа како изгледа.

Водителката, како и многумина има свои профили на социјалните мрежи, а нејзините објави најчесто се поврзани со нејзината професија. Меѓутоа, Јована некогаш знае да направи исклучок и да сподели фотографија од својот приватен живот.

Така беше и овој пат, кога на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка која славеше роденден. Имено, двете дами позираат дотерени и средени, па не знае која од која е поубава. Дефинитивно од овие фотографии може да се забележи дека Јована убавината ја наследила од својата мајка, бидејќи се чини дека цртите на лицето се целосно ископирани на неа.

Мајката на Јована е права дама, па се гледа дека имала одличен пример во животот, и жена на која може да се угледа.

„Среќен роденден мама“, напиша Стојменовиќ покрај објавата.